Новинарот Душко Арсовски денеска го завршува својот ангажман како портпарол на Владата на негово барање и ќе продолжи со друг предизвик во својата професионална кариера, изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Владата, која ја отвори токму Арсовски.

Му благодарам на Душко Арсовски за неговиот ангажман, верувам благодарни му се и медиумите, зашто две и пол години функционираше врвно професионално и е заслужен за оценката на Владата како најтранспарентна институција во државата – рече Ковачевски.

Арсовски на крајот на прес-конференцијата им се заблагодари на медиумите за соработката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.