Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на Џафери за информацијата која што излезе во јавноста во однос на набавката на телефони за пратениците, истакна дека наместо за луксузирање на пратениците, средствата за телефони може да се пренаменат за инвестиции во образованието, градинките, болниците или да се спаси нечиј живот за лекување ,на некој на кој што му е потребно а фондот за здравство не му одобрува средства.

Сакам јасно да порачам дека сепак, треба да му биде јасно на господинот Џафери дека парите, кои што ќе бидат дадени за тие телефони за пратениците се пари на граѓаните. Не е точно дека не се пари на граѓаните, туку се пари на граѓаните, бидејќи се исплаќаат директно од буџетот на Република Македонија, а буџетот на Република Македонија го полнат граѓаните на Република Македонија. И да, тие пари кои што ќе бидат дадени за телефони за пратениците кои што ќе бидат потрошени, сериозна, огромна сума на пари, се пари на граѓаните, не се ниту на Собранието, ниту на Талат Џафери, ниту на пратениците, туку на граѓаните. Е сега наместо тоа луксузирање многу едноставно може тие пари наместо за телефони Талат Џафери да ги пренамени дали во образованието, да се инвестира во некое училиште, дали да се инвестира во некоја градинка, дали да се инвестира во некој универзитетска секција од клиниките во Република Македонија, односно во некоја клиника каде што им е потребно да бидат инвестирани или многу едноставно може да отвори некој од луѓето во кабинетот на Талат Џафери, да разлиста по социјалните мрежи, секојдневно гледа и може да види безброј повици за донации, за мали деца, кои што немаат средства нивните родители да ги лечат. Наместо да ги дадат тие пари за телефони и да се луксузираат пратениците, може да ги пренамени за лекување на некој на кој што му е потребно а фондот за здравство не му одобрува средства. Многу едноставно треба само волја да се спаси нечиј живот, наместо да се луксузираат пратениците во Собранието, истакна Арсовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.