Молкот и необјавувањето јавно на лиценците за работа на очната болница која што функционира во склоп на медикал центар Промедика е доволен показател дека државниот здравствен и санитарен инспекторат и директорката Бухова нешто кријат или се обидуваат да сокријат и да премолчат, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.
Покрај признанието дека навистина инспекторатот издал решение за забрана за работа на очната болница, Бухова не ги приложува сите информации во јавноста и повторно ќе кажам нешто крие очигледно. Согласно информациите кои ги изнесовме и прашавме, сакаме уште еднаш да потенцираме дали оваа очна болница има лиценци за вршење оперативни зафати кои веќе ги работи и рекламира?
Ова е прашањето на кое што инспекторатот а веќе и министерството за здравство треба да дадат одговор – нагласи Арсовски.
Второ, доколку работеле без лиценци за вршење оперативни зафати, како наплаќале за истите, односно на кој начин ги приложувале парите и парите влегувале во платен промет, односно на кој начин плаќале данок за истите.
Кратко и јасно ова се двете прашања на кои што не треба да ги избегнуваат ниту ДЗСИ ниту пак министерството за здравство. Со оваа власт, со вакви директори како Ирина Бухова, СДСМ направи хаос и руина од здравството. Навистина е срамота за ваков скандал да се однесуваат ноншалантно и да молчат. Сепак се работи за здравје на граѓани.
Ова не е срам, брука и проблем на граѓаните, ова е срам, брука и проблем на институциите со кои што раководи СДСМ – рече Арсовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.