Професорката Ана Павловска-Данева за „Пресинг ТВ“ потврдува дека си поднела оставка од местото шеф на делегацијата на Македонија во ГРЕКО. Ова е телот за борба против корупцијата, во Советот на Европа во Стразбур.
Taa вели дека Владата покажува инертност и незаинтересираност за преземање на активности за исполнување на бројните препораки.
Да, оставка поднесов уште во март оваа година и до сега немам официјална информација за нејзиното усвојување. Сметам дека треба да се даде можност и на други експерти да го дадат својот придонес во остварувањето на препораките на ГРЕКО кои можеби ќе имаат поголем успех во координирањето на активностите на институциите при нивната имплементација. Ги имам предвид, пред се, Јавното обвинителство, Собранието (актуелниот состав) и Генералниот секретаријат на Владата кои, за жал, покажуваат инертност и незаинтересираност за преземање на активности за исполнување на бројните препораки од Четвртиот и Петтиот евалуационен круг на ГРЕКО. Од друга страна, МВР и ДКСК во целиот мој мандатен период го вложуваа својот максимум и постигнаа значајни резултати. Сега започнува нов Шести круг, па сметам дека Владата треба да избере експерт кој е најсоодветен за материјата опфатена со него и чии насоки ќе бидат доследно почитувани-вели Данева за „Пресинг ТВ“.
На нејзино место Владата ја предложи Беса Арифи, член на комисијата за уставни измени и сестра на поранешната градоначалничка на Тетово Теута.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.