По три враќања на првостепената пресуда на Кривичниот суд во Скопје, Апелациониот суд на 17 јули, со мериторна одлука, го ослободил Марјан Стаменковски од обвиненијата за кривичните дела уцена и рекет. Како што објави Плусинфо, Стаменковски бил доведен во заблуда од двајца обвинители.
Обвинителството тврдеше дека сопственикот на порталот ДоказМ уценувал и рекетирал директор на Царина. Стаменковски се бранеше дека информациите ги добивал од обвинителите Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев, кои тој своевремено ги нарекуваше свои „соработници“. Марјан Стаменковски беше осуден за 3 години и 1 месец затвор за повеќе кривични дела, како ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена и злоупотреба на лични податоци. Неговата одбрана тврдеше дека се направени суштествени повреди на постапката.
Република денеска објави дека сѐ уште нема обвиненија против Фетаи и Рајчев, по кривичните пријави кои шефот на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, ги поднесе против двајцата обвинители. Хајрулахи поднесе пријави во мај 2023 за злоупотреба на службена положба и овластување и злоупотреба на лични податоци во Јавното обвинителство на Република Македонија. Тогаш државен обвинител беше Љубомир Јовески, а според информациите на „Република“ овој предмет стоел во фиока до заминувањето на Јовески од ова министерство, односно до декември 2023 година. Веќе во јануари годинава предметот е даден во Основното јавно обвинителство Битола, каде до јуни годинава не се преземену никакви постапки по истиот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.