Судијата од Врховниот суд, Наке Георгиев и судијката од Граѓанскиот суд, Антоанета Димовска се нови членови на Судски совет, објави Фокус.
Георгиев, за кого Судски совет непосредно пред кандидатурата ја запре постапката што се водеше против него, беше единствен кандидат од редовите на Врховните судии.
За него гласале шестмина од вкупно 16 судии во Врховен.
Антоанета Димовска пак е новиот член од апелационото скопско подрачје. Тас добила 110 гласови наспроти претседателот на Судот во Кавадарци, Лазар Нанев, за кого гласале 49 судии.
Претседател на Комисијата за избори беше судијата од Управен суд и поранешен член на ДИК, Субхи Јакупи.
Сега течат рокови за приговори на кандидатите, а утре ќе бидат соопштени конечните резултати.
Георгиев и Димовска доаѓаат на местото на двајцата членови од Судски совет кои си дадоа оставка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.