Државната комисија за спречување корупција ќе поднесе иницијатива за кривично гонење на двајца поранешни директори на Управата за водење на матичните книги заради основано сомневање за трговија со илјадници лични податоци на граѓаните на РМ.

Сомнежот произлегува по спроведената контрола на процесот на дигитализација на матичните книги на родени, венчани и починати лица. Скандалозните сознанија првично говорат дека личните податоци завршиле во една соседна држава!?
Овој скандал по своите димензии и значење можеби и го надминува незаконското прислушување на УБК за време на владеењто на ВМРО-ДПМНЕ!

Ова се случувало во периодот кога директори на Управата биле Бујар Дардишта и Блерим Азбази.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.