ТВ21 дојде до првата анкета по парламентарните избори. Изработена е од ИПСОС во период од 10.05.2024 до 20.05.2024 година на територија на Македонија, на репрезентативен примерок. Анкетата е спроведена теренски.

Од анкетираните кои се изјасниле дека сигурно би излегле да гласаат резултатите се следни:
-Коалиција „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ 47%
-Коалиција „Европска иднина“ предводена од СДСМ 15%
-Коалиција „Европски фронт“ предводена од ДУИ 11%
-Коалиција „Вреди“ 11%
-Левица 8%
-Движење ЗНАМ 6%
-Коалиција „Храбро за Македонија“ 1%

Од вкупниот број пак на анкетирани резултатите се следни:
-Коалиција „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ 31%
-Коалиција „Европска иднина“ предводена од СДСМ 10%
-Коалиција „Европски фронт“ предводена од ДУИ 11%
-Коалиција „Вреди“ 11%
-Левица 8%
-Движење ЗНАМ 6%
-Коалиција „Храбро за Македонија“ 1%

-Неодлучни 10%
-Одбива да одговори 19%
-Не би гласал 4%
Ова е прва анкета која се спроведува по парламентарните избори одржани на 8-ми мај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.