Белата куќа ги објави намерите на претседателот Џо Бајден за номинација на ,,клучни лидери во неговата администрација”.

Анџела Прајс Агелер е кандидат за нов американски амбасадор во Скопје кој формално ќе се нарекува вонреден и ополномоштен амбасадор во Република Македонија.

Дипломатката од кариера Анџела Прајс Агелер, предходно служела како заменик-шеф на мисијата во Амбасадата на САД во Исламабад, Пакистан.

Агелер порано била со ранг министер-советник одговорна за односи со јавноста во Амбасадата на САД во Париз, Франција.

Вршител на должноста главен заменик-помошник државен секретар за Бирото за прашања од Јужна и Централна Азија и Канцеларијата на специјалниот претставник за Авганистан и Пакистан во Вашингтон,

Заменик помошник државен секретар за печат и јавна дипломатија во Бирото за печат и јавна дипломатија.

Претходно, Агелер била советник за односи со јавноста во Амбасадата на САД во Исламабад, Пакистан.

Претходните задачи вклучуваат и позиции како службеник за односи со јавноста во Американската амбасада во Скопје, Македонија.

Аташе за култура и печат на Амбасадата на САД во Ханој, Виетнам;

Портпарол на Бирото за конзуларни прашања при Стејт департментот како и други задачи во Амбасадата на САД во Париз, Франција и Амбасадата на САД во Њу Делхи, Индија.

Пред да се приклучи на Службата за надворешни работи, Агелер работела за Стејт департментот во Амбасадите на САД во Уагадугу, Буркина Фасо и Будимпешта, Унгарија, како и во Генералниот конзулат во Мадрас, Индија.

Претходно во нејзината кариера, таа работела во Националната галерија на уметност во Вашингтон, а била и волонтер на Мировниот корпус во Централноафриканската Република.

Агелер е добитник на бројни награди на Стејт департментот, вклучувајќи ја и наградата Милдред Синклер за јазик. Дипломирала на Универзитетот во Јута а зборува француски, македонски и малку хинду.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.