Андреј Петров, член на Извршен одбор на СДСМ во гостување во емисијата Клан дебата на ТВ Клан, по  поразот на кандидатот за претседател на Македонија од СДСМ, Стево Пендаровски истакна дека СДСМ е спремна за опозиција.

Тој, сепак, дава поддршка за сите позитивни работи кои што планира идната влада да ги спроведе.

Ние пораката ја сфативме. Ќе се бориме за секој глас кој ќе можеме да го добиеме, спремни сме за опозиција и спремни сме да дадеме поддршка за сите позитивни работи, рече Петров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.