Дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски соопшти дека на првиот работен ден се сретнал со млади луѓе од ИТ секторот на една од нивните омилени локации.
Гледам амбициозност да ги менуваат работите.
Граѓаните со право сметаат дека никогаш не било полошо и дека системот е во распаѓање од катастрофата наречена СДСМ и ДУИ.
Му благодарам на Претседателот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за номинацијата да учествувам во техничката влада за организирање избори. Тоа за мене е одговорност и должност. Особено должност да се заштити волјата на граѓаните од злоупотреба.
Во државните вработувања постапките се често незаконски, во голема мера без почитување на конкурс, критериуми и мерит систем. Од друга страна угнетувањето и злоупотребите на сите вработени во било која државна институција мора да биде минато.
Решение има, мораме да ги промениме работите. Наша обврска е да направиме сѐ што можеме да го воспоставиме функционалниот систем во јавната администрација. За почеток, во наредните 100 дена ќе работиме максимално посветено и одговорно на заштита од злоупотреби.
Следува период на искрена борба за подобар живот, каков секој еден граѓанин заслужува. Надежта мора да ја победи апатијата, порача Андоновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.