Дополнителниот заменик министер на Министерството за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски, беше во посета на Струмица каде што имаше средби со приватни компании од ИТ секторот и локалната администрација.
-Од она што можев да го забележам од досега реализираните средби e распространетото ниво на корупција, особено во јавните набавки, и начинот на кој што се распоредуваат и трошат народните пари во Општина Струмица, начинот на кој што сe набавуваат потребни материјали за општината, но и пошироко. Централната власт покажа колку е закоравена корупцијата. Затоа предлагаме “Нула корупција” преку интеграција и дигитализација на сите регистри, изјави Андоновски.
Посочено е дека преку оваа мерка ќе се превенира корупцијата преку системот на јавни набавки, преку потекло на имот и дали некои луѓе се поврзани со проектите и на кој начин ќе ги добијат тендерите.
Регистарот ќе ги спречи злоупотребите поврзани со лицата вклучени во јавните набавки во поглед на нивната подготовка и евалуација, но и учеството во истите од страна на компаниите кои конкурираат.
Овој систем ќе послужи и во процесот на проверка на потеклото на имот.
„Ќе формираме сектор во рамките на Бирото за јавни набавки задолжен за контрола на критериумите за економски најповолна понуда и за спречување на манипулации во процесот на јавните набавки”, посочи Андоновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.