Младите во Македонија за жал енормно ја напуштаат нашата држава, додека пак оние кои што се останати тука се заборавени од власта на СДС и ДУИ, изјави Мартин Андоновски, генерален секретар на УМС на денешната трибина насловена „Социјални политики против иселување и сиромаштија“.
Андоновски рече дека Македонија е една од ретките држави ако не и единствена држава во која дури 58 проценти од младите сакаат да си заминат
Македонија е една од ретките држави, ако не и единствена во која што 58 проценти на анкета на младите сакаат да се отселат од Република Македонија. тоа е една поразителна бројка, кажа тој.
Андоновски рече дека во разговор со неговите врсници причината за отселување од државата е поради немање на квалитетно образование и здравство, како и квалитетен живот за младите.
Во разговор секогаш кога прашуваме која е причината зошто сакате да се отселите од Република Македонија, истото ова прашање да го поставевме пред 25 или 30 години ќе го добиевме одговорот поради егзистенцијални причини, но сега е од немање на квалитетен живот, поради руинирани студентски домови, немање квалитетно здравство, немаме квалитетно образование – рече тој.
Андоновски на трибината објасни дека порано во државата доаѓале странски инвестиции и се отворале нови работни места, но сега младите се иселуваат и работат во истите тие странски компании но во друга држава.
Порано во Македонија се отвораа странски инвестиции каде што имавме млада работна сила која што можеше да се вработи таму. Но сега за жал истата таа млада работна сила се отселува и работи во истите тие странски инвестиции но во друга држава. Ни беше ветено дека ќе се отворат Гоогле и Фејсбук но за жал се отворија само вратите и портите и младите луѓе заминуваат – истакна Андоновски и нагласи дека единствено што направи владата на СДС и ДУИ е полнење на автобусите и иселување на младите луѓе.
Единствено нешто што оваа влада направи е да ги наполни џебовите на поединци во владата и да ги наполни автобусите со млади луѓе кои што си заминуваат од државата, додаде тој.
Андоновски го потенцираше и предлогот на УМС до пратениците за покачување на студентскиот оброк од 120 денари на 160 денари, меѓутоа како што рече владејачкото мнозинство на СДС и ДУИ го одбиле и нагласи дека секој човек треба да даде поддршка на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тоа е партијата која се грижи за младите, а со тоа дава и поддршка за иднината на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.