Се бараше јавна дебата за донесување на законите за администрација, но тоа не им беше дозволено на синдикатите. Законот за административни работници не соодветствува со барањата на ЕУ. Состојбата во администрацијата е дупло дно. Условите за работа во администрацијата се никакви. Во ова министерство се сменија четири министри и секој има своја политика па вработените се демотивирани, а тука е другото дно кое го чувствуваат граѓаните преку административните услуги, вели Стефан Андоновски, заменик министер во МИОА, во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.
Законите се носат со европско знаменце по скратена постапка и нема простор оставено за дебата, вели Андоновски.
Андоновски вели дека овој закон сега не е истиот од пред неколку месеци.
Мене ме интересира како тоа испитот за државен службеник може да се полага на албански јазик кога официјален јазик во државната администрација е македонскиот јазик. Јас се плашам дека овој закон на крајот ќе донесе хаос, вели Андоновски.
Андоновски вели дека лично многу му пречи кога ќе влезе во институција и не може да заврши работа затоа што службеникот не го познава македонскиот јазик.
Мене не ми пречи да се вработуваат етнички Албанци, Бошњаци, Турци. Но мора да го знае македонскиот јазик. Кога сакате да работите во државна администрација мора да го познавате државниот јазик. Не замисливо е во Америка службеник да не го зборува англискиот јазик иако голем дел од нив имаат мајчин шпански јазик, вели Андоновски.
Според него, брзањето во носење на овие закони не е до министерот Алиу туку коалицијата брза да го донесе бидејќи шест години се зборува за реформи, а резултатот е нула.
Ако со ова темпо се менуваат работите на Македонија ќе ѝ требаат 3306 години да ги спроведе реформите. Но, не гледам зошто се брза пред избори да се донесе, вели Андоновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.