Денес во Општина Василево се вршеше увид на градежните работи каде што на покана на градоначалникот Славе Андонов присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Андонов посочи дека во Општина Василево почнаа се реализираат голем број на проекти кои што го подобруваат квалитетот на живот на жителите и покрај тоа што при преземањето на должноста наследи општина големи долгови и блокирана сметка чија што консолидација што беше прва и основна негова и на неговиот тим цел, при што се направи реалокација на буџетските средства во тие области каде што било најпотребно.
Истакна дека во изминатиот период се инвестираше во сите области кои што се под надлежност на локалната самоуправа, како во спортот, детската заштита, културата во многу комунални инфраструктурни проекти.
Сакам дa напоменам дека во патната инфраструктура која што беше еден од приоритетите инвестиравме повеќе од 50 милиони денари, што е историски најмногу гледано од почетокот на основањето на Општина Василево, при што асфалтиравме повеќе од пет километри локални патишта и улици и тоа само за една година. Посебно сум горд што го реализиравме Нова маала – Добрашинци кој е во должина од еден километар и со вредност од 12 милиони денари. Со тоа решиме долгогодишен проблем на населените места Чанаклија, Нова маала, Добрашинци и Високо маало, односно така наречениот, Подограженски регион. Го решивме и долго годишниот проблем во населеното место Владевци во должина од два километри, со вредност од околу 20 милиони денари – посочи меѓу другото Андонов.
Истакна дека во наредниот период, во делот на патна инфраструктура, ќе го реализираме и патниот правец кој води кон манастирот Св. Ѓорѓија во Дукатино, кој исто така е очекуван од граѓаните кој преставува долгогодишен проблем кој ги тишти нашите сограѓани.
Покрај патната инфраструктура, Андонов посочи дека значително вложуваа во образованието, шпи што целосно го реконструираа Основното подрачно општинско училиште во Висока маала, кое беше во катастрофална состојба кое сега е по сите европски стандарди.
Само за една година партерно уредивме три подрачни училишта и тоа подрачните училишта во Дукатино, во Владевци и во Радичево – истакна Андонов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.