Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за денеска во 12:30 часот има закажано седница со една точка на дневен ред – Предлог за избор на судија на Уставниот суд.
Според објавеното на веб страницата на Собранието, за судија на Уставниот суд е предложена Ана Павловска-Данева, професорка на Правниот факултет во Скопје.
Вчера, во Собранието беше повлечен предлогот Љубомир Јовески да биде предложен за уставен судија. Тој во изјава за МИА рече дека е изненаден од повлекувањето на предлогот без да се наведат основните причини за тоа.
Пристојно е да се дадат два три збора. Нанесена ми е штета, ако не сметале дека може процесот до крај да го водат, не требало да ме предлагаат, бидејќи бев изложен на непотребни напади, вели Јовески, додавајќи дека сметал оти процесот е завршен бидејќи веќе година и половина не се покренувало ништо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.