Вицепреммиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ вчера рече дека го поддржува доаѓањето на тим од САД кој ќе треба да се бори во борбата против корупцијата. Тој октри дека дел од експертите се веќе во Македонија.

 Американските пријатели се добредојдени и мислам дека дел од нив веќе се тука, рече вицепремиерот Маричиќ.

 

Неспособноста на власта да се справи со корупцијата ја посочи американската амбасадорка Агелер која најави дека во Македонија ќе дојде тим за санкции од Вашингтон, за да преземе поагресивен пристап кон минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни постапки.

„На правосудниот сектор во Македонија му требаат повеќе истраги, гонење за да се покаже дека никој не е над законот“, напиша амбасадорката Агелер.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.