Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денска оствари проштална средба со досегашниот амбасадор на Холандија во земјава Дирк Јан Коп, кому му се заблагодарил за придонесот за земјава во изминатиот период, а особено за поддршката од Холандија за спроведување на реформите, особено во делот на владеењето на правото, како и во сите други сфери од општествениот живот и демократските процеси.
-Честитајќи му го изборот за претседател на Собранието, амбасадорот Јан Хоп му посака на Гаши успешна работа и продолжување со процесите во насока на интегрирање на нашата земја во Европската Унија, се вели во денешното соопштение од собраниската прес-служба.
Претседателот Гаши и амбасадорот Јан Коп разговарале и за можностите за продолжување на реформите во делот на владеењето на правото, преку создавање законска инфраструктура во Парламентот, како основа за јакнење на капацитетите и довербата во правосудството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.