Според извори на „360 степени“, Алтернатива засега не планира да ја напушти владината коалиција, но нема да гласа за реконструкција на Владата.

Доколку ова се оствари виси поддршката за гласање на новите министри  за што се потребни 61 глас.

 

 

 

 

Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, во изјава за телевизија Алсат-М рече дека нема да гласа за новото парламентарно мнозинство. Според него, Алијансата за Албанците влезе во Владата не за некаков европски сојуз за Македонија, туку за да го спаси Артан Груби.

„Нема да гласам за ова мнозинство, ќе бидам против. Ќе чекам да ги видам програмата и кандидатите за министри. Ако испадне како што слушам некои предлози од Алијанса, особено во сферата на правдата, каде што меѓународниот фактор има вложено најмногу и е најчувствителен, имавме силна реакција за време на изборот на обвинител за организиран криминал, ќе си го одржам зборот и ќе го кажам во Собрание“,

изјави Меџити во емисијата „Патот кон“ на Алсат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.