Алтернатива со реакција на вчерашната изјава на министерот за правда, Кренар Лога, кој соопшти дека го финализирале текстот на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени.
Иако не го спомна, можеби од ненамерен заборав, овој Предлог-закон го подготви поранешниот директор на Управата за водење на матични книги, Блерим Абази. Имено, директорот Абази во соработка со сите надлежни институции и локални и меѓународни организации го имаше финализирано текстот на Предлог-законот, додека по излегувањето на АлтернАтивА од владата, оваа работа ја продолжи неговиот наследник на оваа функција и сега веќе и министерот за правда е горд на ова достигнување.
Колку за информација, за времето додека Блерим Абази беше на позицијата директор на Управата за водење на матични книги, регистрирани се 30 лица кои имале недостиг на евиденции, 28 такви решенија биле готови, додека 317 лица се евидентирани во посебна матична книга, како и 166 лица кои биле со некомплетирани документи. Ова беше причина што во соработка со УНХЦР се побарани и пронајдени сите овие лица и се известени за комплетирање на документите со цел решавање на нивните предмети. Дополнително, поранешниот директор Абази го бранеше овој Предлог-закон и пред Комисијата за политички систем на Собранието и остана само фазата на гласање и преминување на пленарна седница.
Сепак, драго ни е што предлогот е веќе подготвен да помине и без разлика кој го подготвил и кој сака да ја земе заслугата, важно е што преку оваа измена ќе придобиваат многу граѓани кои немале евиденција во матичната книга – велат од Алтернатива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.