Иако не е опфатен со Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функцииименувани од страна на Владата, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, веднаш треба самиот да ѝ се јави на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска. Не треба ни да чека таа да се врати од патувањето во една од балтичките земји, туку веднаш да почне да го пишува својот извештај за катастрофалното однесување кон вработените од собраниското обезбедување!
Да не беше снимката, што незапирливо се шири по социјалните мрежи и по медиумите, луѓето можеби немаше ни да веруваат дека вакво нешто е можно во македонскиот законодавен дом! Пцости и навреди кон возрасни личности, нечии родители и деца на родители, кои животниот пат го одвел своето парче леб професионално да го вадат во Собранието на РМ!
-Алоо, чекајте луѓе, оооо, викаше Талат Џафери од спикерското столче демек во обид да воспостави ред при усвојувањето на дневниот ред на првата собраниска седница на која опозицијата го започна својот најавен бојкот.
Само неколку часа или минути подоцна „кроткото јагне“ Талат Џафери го покажа своето вистинско лице на обичен политички провокатор, насилник и примитивец, кој не ја знае ни основната буква „к“ од поимот за демократска и политичка култура! А, за да ја знае, мора да поседува елементарно домашно воспитание и култура, што се стекнуваат на возраст до седум години. Очигледно, Талат Џафери таа возраст ја прескокнал, па во неговиот карактер и изградена личност се чувствува длабока и непоправлива дупка. А, можеби акањето по планините си го сторило своето!? Тешко е, навистина е тешко човек да се привикне на цивилизација кога ќе се симне во град, без разлика дали станува збор за Гостивар, Тетово или Скопје.
Пцостите и навредите од страна на Талат Џафери не го нарушува неговиот углед, зашто едноставно го нема. Неговите пцости и навреди го нарушуваат угледот на институцијата, што ја раководи, највисокиот законодавен дом-Собранието на Република Македонија, народните избраници-пратениците во целина, надлежната управа на МВР и конечно државата, зашто според надлежностите, што му припаѓаат со функцијата која ја извршува, тој е нејзин втор човек!
Може ли некој да замисли како би се однесувал истиот Талат Џафери во улога на врховен командант на македонските вооружени, веќе НАТО сили?! Па тој би испотепал се живо и диво, а за граѓаните пак ич збор да не станува!
Во Дигиталниот речник на македонскиот јазик поимот срамота има исто значење со срам, бесченсот и дело што навредува.
Да, обичните граѓани ги изеде туѓ срам и бесчесност, срамот и бесчесноста на претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери. По ваквото скандалозно негово однесување, најмалку што може да направи е да им се извини и на вработените, и на пратениците, и на граѓаните, и на целата домашна јавност. А, најдобро би било да ја напушти функцијата што ја извршува, зашто и онака првиот пат ја доби на незаконски и неделовнички начин. Од авион се гледа дека негова основна задача со седењето во спикерската фотелја е да провоцира и да предизвика физички инцидент.
Командант Форина до службениците: 👉Си ебавате мајката тука! pic.twitter.com/R5tMyGL2TK
— @Soleimani (@Soleimani_QUDS) May 12, 2022
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.