Министерот за информатичко општество Азир Алиу кој најверојатно ќе биде сменет како последица од кавгата во Алијансата за Албанците во емисија на „ТВ21“ го анализираше политичкиот профил на Артан Груби.
Тој е хибридна личност помеѓу нарцизмот и макијавелизмот, се обидува да покаже моќ-вели Алиу за Груби.
Алиу со прецизност говореше за Груби.
„Ако го анализирате политичкиот профил на Артан Груби, тоа е хибриден профил помеѓу нарцизмот и макијавелизмот. Зошто велам дека тоа е хибриден профил помеѓу макијавелизмот и нарцизмот? Во овој политички профил има неколку карактеристики, кои ги дефинирав во хибридна форма. Сака многу внимание, има огромна желба да биде моќен, да рефлектира моќ. Од друга страна е личност која има минимална емпатија кон другите. Манипулативен профил кој прави се за да ги постигне своите цели“, рече Алиу, додавајќи дека е личност која прави поделби е е манипулатор“.
„Да не зборуваме за нивниот лидер – Али Ахмети. Од многу искусен политичар, тој стана фолк пејач правејќи видеа и споделувајќи ги на социјалните мрежи. Во последно миу е жал бидејќи јас лично го познавам и Талат Џафери. За жал, тој го руши профилот на техничкиот премиер и господинот Џафери земајќи му го неговиот дел од менаџирањето“, рече Алиу.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.