Алијанса го отфрли предлогот на Алтернатива за заедница на албански општини.

За нив ваквиот предлог е несериозен со тенденција Албанците да се стават во однос на дневната политика.

Албанците живеат во територијален континуитет, а не во енклави, во општини каде Албанците се апсолутно мнозинство, во општини со релативно мнозинство и во општини со помал процент. Политичките и територијалните организации кои не им служат нив не се вредни за дискусија. Србите во Косово, како и Албанците во Србија, се малцинство и овие стандарди мора да имаат реципроцитет и ние апсолутно го поддржуваме тоа. Дури сметаме дека такви права треба да имаат Унгарците и Босанците во Србија. Албанците во Македонија се 1/3 од вкупното население, а не малцинство. Решенијата за заштита на малцинствата кои се размислуваат за други реалности не можат да се применат во контекст на нашето мултиетничко општество и консоцијативна демократија, се вели во соопштението од Алијанса.

Од ЛДП претходно оценија дека ваква идеја само создава групирања и поделби и се коси со вредностите за либерално-демократско општество.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.