Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, синоќа на средбата во Тетово со членови и симпатизери на владејачката партија рече дека постои обид да се заврши домашната задача, прочистувајќи ги сите функционери од корупција со ветинг.

Ова е претходна кампања која мора да ја материјализираме. Мора да влеземе во ЕУ, бидејќи ова членство носи материјални добра, придобивки за функционирањето на државата, бидејќи без да ја завршиме домашната задача не можеме да влеземе во ЕУ. Но, кои се домашните задачи? Владеењето на правото. Зошто бараме проверка? Сите политичари, обвинители, полицајци, градоначалници… Како влегле во политика, каков статус имале, колку куќи имале, колку квадрати во Тетово или Скопје пред да влезат во политиката и откако ќе излезат или додека се во политика“ рече Ахмети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.