Судиите Александар Камбовски од Апелацискиот суд во Битола Исамедин Лимани од Врховниот суд се новите членови на Судскиот совет. Лимани во Врховниот суд добил 7 судии, а за Камбовски во подрачјето на битолскиот апелациски суд гласале 28 судии.

На гласачкиот список во Врховен суд имаше 15 судии, но ливчето на Наке Георгиев со сигурност ќе остане неискористено затоа што е во притвор во истражниот затвор во Шутка по истрагата во која е осомничен дека примил пари за да издејствува погодности за обвинетиот екс градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев.

По денешните избори Судскиот совет после подолго време повторно ќе биде комплетен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.