Политичката партија Десна, чиј основач и претседател е осомничениот за убиство Љупчо Палевски-Палчо, испрати соопштение за јавноста кое го пренесуваме во целост:
Во овој тежок момент и период, кога во Македонија за 7 дена се случија две убиства, во Велес и Скопје, се соочивме информации кои донесоа шок и неверување за нас. Пред сè, изразуваме најдлабоко и најискрено за загубата на два човечки живота, младата Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На семејствата на жртвите им изразуваме најдлабоко сочувство за загубата на нивните најблиски.
Политичката партија Десна, за своите членови и претседателот на партијата, доколку се докаже дека се виновни, бара да бидат најстрого казнети. Во меѓувреме, апелираме да се почитува уставно загарантираната презумпција на невиност на осомничените и обвинетите, додека не се докаже спротивното. Пред Обвинителството и органите на прогонот претстои тешка и деликатна задача во целост да ги разоткријат сите елементи на овие настани. Заради тоа, ние членовите на партијата, им стоиме на располагање на органите на прогонот, со цел на расветлување на кривично-правниот настан и изведување пред Судот на сторителите на овие грозоморни случаи.
Политичката партија Десна, согласно Статутот на партијата, ќе ги замрзне членството, функциите и активностите на обвинетите до крајот на процесот. Уште еднаш изразуваме искрено жалење и сочувство до семејствата на Вања и Панче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.