Срамота е ова што се случува со обвинителството и со одговорните лица кои ги назначува Владата. Самиот премиер кој е нелегитимен и кој има најниска доверба кај граѓаните е континуитет на ова исто недоверба во судството од 8 проценти односно 9 граѓани од 10 граѓани немаат доверба во тоа правосудство, вели пратеникот Драган Ковачки во изјава за дневникот на телевизија Сител.

Она што се однесува до неговото интервју сакам да кажам дека тој заборави да каже како ќе ја реши сиромаштијата кај граѓаните, како ќе го реши јазот помеѓу богатите и сиромашните, како ќе ги намали односно ќе го запре растењето на цените на основните намирници на брашното, зејтинот, млекото, јајцата, рече Ковачки.

Ковачки го повика Ковачевски ако е толку убеден дека неговите политики имаат поддршка кај граѓаните, да оди на што поитни предвремени парламентарни избори.

Со самото тоа што одби да оди на предвремени избори тој покажува дека нема 80 пратеници во Собранието за промена на Уставот и со тоа уште еднаш покажува дека неговите политики немаат поддршка кај граѓаните, кажа Ковачки.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.