Десетина пати ги следев парламентарните седници. И, со оглед на мојата возраст, можам да посведочам дека во овој состав имаме досега најумни пратеници. И од страната на двоглавата власт, и од опозицијата. За жал, нивниот учинок е скромен. Главен виновник е лошото водење на државата од страна на власта. За жал, сета вина по извесната катастрофа на социјалдемократите ќе се истури врз Димитар Ковачевски, вели во изјавата за МКД.мк академик Божин Павловски.

Мој старечки совет до овој млад човек: Бегај од местото што, според демократските правила, не ти припаѓа. Дури и многу твои сопартијци те доживуваат како диво месо. Еден ден, ако поминеш низ изборниот процес, ќе си конкурираш за премиер. Зошто да не, и ти си амбициозен човек. Убеден сум дека ќе ги скратиш агониите и стравовите на сите мирни граѓани што си ја сакаат Македонија. А проблемите што ти не можеш да ги совладаш ќе си се премавнат. Не пукај во празно, опозицијата не ти е виновна. Граѓаните не те сакаат затоа што си инсталиран. Диво месо во кревка демократија. Послушај ме, не ја опустошувај нашата прва државотворна партија, вели Павловски по вчерашната собраниска седница за уставните измени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.