Во интервју дадено за РТВ21 Косово, лидерот на ДУИ Али Ахмети ја коментираше и поддршката на македонското население за Русија, односно на дел од Македонците кои некои аналитичари проценуваат дека одат и до две третини.
Видете, што се однесува до Македонците, тие имаа еден вид на сојуз со Србија за време на НАТО бомбардирањето во 1999 година, но има и носталгија произлезена од тие преку 60 години од заеднички живот во Југославија. Во таа Југославија беа и привилегирани, затоа што ние Албанците бевме тие кои беа угнетени, ние бевме „ќираџии“ на својот имот“, вели Ахмети.
Тој истакнува дека оваа носталгија не дозволува и јасно да се види дека иднината на оваа земја, сигурноста на оваа земја, мирот и стабилноста на ова место е преку интегрирање на земјата во ЕУ како што ја интегриравме во НАТО.
Иднината не им припаѓа на народи, односно политичарите кои инсталираат нацистички и фашистички политики, затоа што народот не е крив за тоа. Како што на пример Милошевиќ инсталираше една такви нацистичка и фашистичка политика, за ова не можеме да го обвиниме целиот српски народ иако во такви ситуации треба и народот да се дистанцира од ваквите политики. Што се однесува за Украина ние недвосмислено ја поддржуваме украинската праведна војна и ја осудуваме руската агресија и е срам за една супер сила да окупира една суверена држава. Се надеваме дека ќе се најде решение и ние како држава сите иницијативи на меѓународната зааедница сме ги поддржале“, додава Ахмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.