Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска се обрати во Собранието. Тој порача дека никој повеќе не е кираџија во оваа држава.
Ниту вие кираџии, ниту моите колеги не се кираџии. Една работа е вистина – Охридскиот мировен договор му ја даде тапијата да биде господин во неговата куќа, мировниот договор не го измени само карактерот на државата, не го измени само статусот на Албанците во државата, добивка имаа Ромите, Србите, Власите, сите победија. Овој договор нас не направи господари во нашата куќа. За овие 22 години работевме заедно. Јас и мојата партија се обидовме да имаме вистински партнерски однос и со СДСМ и со ВМРО-ДПМНЕ“, рече Ахмети.
Тој вели дека како што го гласал Талат Џафери, го гласал и Јован Митревски.
Пред нас имаме големи проблеми, идната Влада треба да се ангажира за избори и за да бидат креативни во градењето на политиките во иднина. Железната војна е завршена, но сега има една жестока војна, се зборува за употреба на нуклеарно оружје, ова не треба да се потценува. Москва го згази идентитетот на Украина, затоа треба да сме внимателни какви политики ќе водиме. Треба да се подигне гласот, рековте дека бега младината, земјите членки на ЕУ целата младина ја вратија назад. Ако сме патриоти треба нашата земја да ја зачлениме во ЕУ ако сакаме нашата младина да остане во државата каде што живее“ рече Ахмети.
За крај тој порача дека не треба да држат политички говори, да не се прават ниту обвинители ниту истражители, ова е Собрание каде се носат големи одлуки за иднината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.