Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети оствари средба со шпанскиот амбасадор Хозе Луис Лозано Гарсија, при што изрази подготвеност за блиска соработка.

Како што соопшти прес-службата на ДУИ, на средбата е нагласено долгогодишното пријателство и билатералните односи меѓу двете земји, како и „отворената волја за натамошно продлабочување на соработката во интеграциите, но и на полето на економијата, трговијата итн“.

Тема на дискусија во овој состанок биле и последните политички случувања во земјава, како и преговорите за спорот со Бугарија.

Во однос на Изборниот законик, Ахмети смета дека сегашниот модел со шест изборни единици е посоодветен, бидејќи за промена на изборниот законик и изборните единици потребен е поширок консензус и усогласеност со сите политички фактори во државата и дека како прашање треба да се постави на расправа во Собранието – се вели во соопштението.

Тема на разговор меѓу двајцата соговорници бил и ветингот на политичарите, судиите и обвинителите.

Со овој дух на почитување на правосудниот систем и со оваа иницијатива што ја покрена, ДУИ се стреми кон дополнително проширување со единствена цел да се постигне кредибилноста на личностите во сите сфери на животот, бидејќи секој што сака да врши јавна функција мора да го помине процесот на ветингот – наведуваат од партијата.

За време на разговорот, Ахмети го запознал шпанскиот амбасадор Гарсија за новата динамика на разговорите за решавање на спорот со Бугарија, посетите на Скопје и Софија, воспоставувањето дијалог и акциониот план на работните групи и добрата политичка волја за решавање на отворените и прифатени прашања од двете страни.

Двајцата соговорници, заклучиле дека соработката меѓу Македонија и Шпанија треба да продолжи во духот на разбирањето, а поддршката за земјата на патот кон евроинтеграциите не треба да запре, додека не биде постигната конечната цел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.