Лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека на 28 јануари Македонија за првпат ќе добие премиер Албанец. Тоа е договор со коалицискиот партнер СДСМ, со која партија успешно ја предводиме државата, рече Ахмети во градот Бајрам Цури во Албанија каде Општина Тропоја му ја додели титулата „Почесен граѓанин“. Признанието на Ахмети му е доделено за неговата блескава кариера, како борец за Апбанците, особено во Македонија и Косово.

Ахмети многу придонесе за политичката и воена борба на Албанците во Косово, Прешевската Долина и во Македонија.

„Во Македонија тој повеќе од 20 години има блескава политичка кариера и постојано реди победи“; беше речено на свеченоста.

Во своето обраќање Ахмети рече дека кога ја започнал својата национална активност, заедно со пријателите по ум и срце, само една мисла го водела: „Да ги видиме Албанците слободни, да живееме достоинствено во нашите земји и заедно да го зацртаме патот на напредокот со тие свети национални вредности и со јазикот“.

„Денес нема поголема награда за мене од бетонизацијата на овој идеал каде и да дише Албанец, причина за која извонредниот придонес го дадоа и тропојаните. Нашите национални мисии не се завршени, пред нас е одговорноста да го зачуваме она што го заработивме со крв и политика. Заедно ќе успееме исто како што успеавме во битките за слобода“, рече Ахмети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.