Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети изјави дека во моментов изборите не нудат решение и потенцира дека парламентарните избори ќе се одржат во редовниот термин.
Приоритет над приоритетите е како да се постигне договор за уставните измени и одржувањето на меѓувладината конференција, што треба да се одржи на крајот на оваа година. Не знам што можеме да направиме за да им служиме подобро на луѓето, отколку да ја зачлениме земјата во Европската Унија. Изборите не нудат решение, така што, изборите ќе се одржат во редовниот термин, напролет следната година, рече Ахмети на новинарско прашање на промовирањето на проектот „Подобрување на водоснабдувањето за населените места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ, Ласкарце, Чајлане и Семениште“.
Ахмети потенцира дека во случај на ВМРО-ДПМНЕ да и пречи ДУИ да биде во предводењето на државата, ќе се повлекуваат од извршната власт во моментот кога тие ќе ги гласаат уставните измени.
За повикот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски последниве денови за лидерска средба со претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на лидерска средба, на која би се разговарало за претстојните избори и за изборниот процес, Ахмети вели дека нема потреба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.