„Врз Македонците се врши терор од опозициските партии, им се наметнува страв дека со промената на уставот ќе го изгубат идентитетот, или државата, а тоа се прави за потребите на дневната политика од опозициските партии, кои ја туркаат државата кон предвремени избори. Но, предвремените избори не решаваат проблемот.“, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервјуто за Телевизија Косово.
„Македонија тргна на пат без враќање, таа е членка на НАТО, се наоѓаме во процес без враќање за зачленување во ЕУ. Без Охридскиот договор немаше да постои Македонија, без овој договор Македонија немаше да биде во НАТО. Без Охридскиот договор, без Преспанскиот договор, без Договорот за добрососедство со Бугарите ние не можеме да бидеме членка на ЕУ. Ние сме во претсобјето за прием во ЕУ. Но, ние мора да го промениме уставот, тоа е сега приоритет.“, вели Ахмети.
Најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека ДУИ ќе замине во опозиција според Ахмети се само сон, бидејќи вели дека неговата партија и на следните избори ќе биде победник.
„Опозицијата може секој ден да бара избори и да ја гледа ДУИ во опозиција, но треба да се освестат дека гледале сон што нема да се оствари. ДУИ не се победува со пароли и гнев, напротив, кога дури и Зоран Заев нѐ гледаше во опозиција, ние освоивме за над 50 отсто повеќе мандати и излеговме како победници. Значи, нека мислат тие партии што сакаат, но ДУИ нема да стане опозиција, затоа што сите овие години постигнуваме опипливи работи и, да нагласам, со ДУИ Албанците беа факторизирани на државно и институционално ниво“, изјави Ахмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.