Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Скопје, Ангела Прајс Агелер, на 11 април годинава испрати писмо до судските и извршните органи во кое ја изразува својата и загриженоста на САД за, како што вели, поништени решенија против високи профили кои Апелациониот суд ги врати на првостепена постапка.

Во писмото до кое дојде Алсат од извори во Владата, се истакнуваат и напорите на САД и вложените половина милијарда евра за реформи во судството.

Секој ден сум сѐ повеќе загрижена и разочарана поради големиот број предмети (од високи профили) кои Апелациониот суд ги врати во првостепена постапка на повторно судење. Очигледната неспособност на судовите брзо да ги процесуираат предметите низ судската постапка и нивното префрлање напред-назад, меѓу Апелација и Основниот суд дополнително ја намалува ниската доверба што јавноста ја има во судовите“, се наведува во писмото од амбасадорката Агелер.

Дописот главно се однесува на случаите за кои е загрижена јавноста и кои се поврзани со судењата против поранешните функционери кои ја злоупотребиле службената должност и го оштетиле државниот буџет. Според информациите на Алсат, дописот со иста содржина, освен до Владата (премиерот), бил испратен и до министрите Кренар Љога и Бујар Османи, до Врховниот суд, Апелациониот суд и до некои други Основни судови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.