Американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за „360 степени“, нагласи дека е задоволна што владата е составена од различни групи и дека нема законска обврска според која ДУИ треба да е во влада
„Тоа е дел од жива демократија“-вели амбасадорката.
Агелер објасни дека победникот е тој што ги избира партнерите, но и дека „Европскиот фронт“, како и „Вреди“, биле коалиција. На крај, според неа, важно е дека во владата има диверзитет.
„ВМРО-ДПМНЕ го избра партнерот – ’Вреди’, која е исто така коалиција, исто како и „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ. Сум имала разговори за ова со низа функционери на ДУИ и дури и нема законска обврска за тоа со кој ќе стапите во коалиција. Партијата која победи на изборите ја имаше можноста и избра да создаде коалиција со малцински групи во земјата. Тоа е од исклучителна важност зашто она што двете наши земји ги прави толку богати е диверзитетот, различните етнички групи и заедници и она што тие го носат за нашите демократии. Оттука, задоволна сум дека владата е составена од различни групи и нема законски обврски за ДУИ да се вклучи во владата. Знам дека има прашање на закон наспроти легитимитет, но факт е дека ВМРО-ДПМНЕ избра партнери од различни заедници во земјата и тоа е нивно право. Избраа тоа да го направат и ќе видиме како ова партнерство ќе функционира“,
изјави Агелер.
Извор: 360 степени
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.