Американската амбасадорка во Скопје, Анџела Агелер за Радио Слободна Европа вели дека не коментира предлог законски решенија, но ги поздравува и силно поддржува сите напори за истраги на наводните коруптивни криминални активности.
Ние ги сметаме за одговорни оние кои ја злоупотребуваат јавната доверба за лична корист. Јас претпоставувам дека институционални и законодавни реформи кои ќе ја зголемуваат транспарентноста и ја зајакнуваат борбата против корупцијата ќе бидат добредојдени не само од меѓународната заедница, туку и од сите граѓани на Македонија, истакнува амбасадорката Агелер.
Овој нејзин коментар следува по најавените измени на Законот за рестриктивни мерки, со кои ќе се санкционираат македонските државјани и фирми кои ќе се најдат на американската и на британската црна листа.
Иако предлогот за измена на Законот за рестриктивни мерки помина на владина седница и покрај правните дилеми што ги посочи Министерството за правда, неизвесно е дали тие бидат донесени од овој собраниски состав, имајќи предвид дека остануваат уште два месеца пред да почне кампањата за парламентарните и претседателските избори.
На црната лиса на САД се десетина сегашни и поранешни функционери, бизнисмени и компании. Меѓу актуелните фунцкионери на црната листа се најде струшкиот градоначалник Рамиз Мерко од ДУИ, а на неа е и поранешниот вицепремиер за економски прашања и бизнисмен Кочо Анѓушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.