Сега на ред се државните институции кои гонат корупција и криминал, вели американската амбасадорка Анџела Агелер во изјава за Телма за индициите на САД за корупција на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.
Станува збор за бесрамна корупција која го поткопува владеењето на правото, вели таа во изјава за Телма и потврдува дека црната листа многу наскоро ќе се прошири.
Можам да ве уверам дека името на Мерко не е единственото што внимателно се разгледува во Вашингтон, вели Агелер.
Таа додава дека САД нема да објавува дополнителни детали за наодите, но овој вид на назначувања се прават кога американската влада има силни, веродостојни докази, од различни извори, за корупција.
Сметам дека многу кажува тоа што луѓето од целата држава, како што веројатно сте виделе на социјалните мрежи, воопшто не се изненадени од одлуката.
Повеќе ТУКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.