Изборот на Весна Дaмева за претседателка на Републичкиот судски совет наиде на негодување, главно во правната фела. Со самото тоа што Дамева доаѓа на оваа функција без искуство и од местото стручен соработник во Кривичниот суд и член на правната комисија на СДСМ, адвокатот Александар Тортевски смета дека и самот избор е корупција, зашто на позицијата се поствува нестручно лице кое во даден момент ќе треба да испорача услуга.

Од стручен соработник да конкурираш и да те изберат за претседател на Републички судски совет ти е исто како во војска од разводник да конкурираш за маршал, коментира Тортевски.

Весна Дамева беше избрана вчера, откако пред неколку денови оставка си поднесе и Павлина Црвенковска од позицијата претседател на Судски совет и се пожали на притисоците кои ги трпела.

Новоизбраната претседателка на Судски совет, Весна Дамева, пак, не знае кои се тие притисоци и смета дека е посилна од нив.

Таа кованица судско-бизнис елити, првпат ја слушнав од Црвенковска. Не знам врз основа на кои факти и докази тоа го кажува. Тоа прашање треба на неа да и го нарушите. Може се работи за лична перцепција или нејзино согледување. За мене изјавата е загрижувачка дека доколку имала сознанија или дознала, била должена да го извести Советот бидејќи ние имаме механизми, а да ги извести и надлежните институции. Ова криење, бидејќи било подолг период, остава само сомнеж за поинакво размислување. Јас не сум имала влијание ниту притисоци, ниту ќе дозволам тоа да се случи. Интегритетот е единствен за одбрана од влијание. Доколку како член, а сега како претседател, јавно, не само пред членовите, туку и пред медиумите ќе известам. Не е доволно да се дознае туку и да се сузбие. Јас ќе побарам од Црвенковска, да каже, изјави Дамева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.