Арбер Адеми од ДУИ вечерва на прес конференција истакна дека гласачките кутии се веќе затворени.

Според него, процесот на гласање се одвивал непречено и без инциденти.

Дозволете ми во име на изборниот штаб на Европскиот фронт да изразиме благодарност до секој гласач што ја избра европската иднина на земјата“, порача Адеми.

– Победата е наша, на сите кои кажавте „не“ на Русија, „да“ на Европа – истакна Адеми.

На новинарско прашање, шефот на изборниот штаб на ДУИ одговори дека Европскиот фронт ги оставил своите поддржувачи самите да одлучат дали ќе гласаат на претседателските избори. Според него, ако се направи споредба меѓу процентите на излезноста меѓу двата вида избори, има мала разлика, но не до тој степен кој би се одразил на фактичката состојба.

– Имало поддржувачи на Европскиот фронт кои денес ја изразиле својата волја за претседателските избори. И претседателот Ахмети гласаше, и премиерот Џафери гласаше денеска, и министерот за надворешни работи гласаше. Граѓаните по слободно убедување одлучиле дали да гласаат. Јас не гласав – рече Адеми од Мала Речица.

Артан Груби денеска додека траеше изборниот молк и процесот на гласање објави видео во живо на Фејсбук на кое што беше забележано дека не зел ливче за претседателските избори и не гласал за ниту еден од двајцата кандидати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.