Остри реакции пристигнаа од јавноста по посетата на делегација на Левица на гробот на албанскиот комунистички водач Енвер Хоџа. Во Тирана, по повод 38-годишнината од неговата смрт, се поклони и лидерот на партијта, Димитар Апасиев, како и членовите на Президиумот Реџеп Исмаил Хактан и Гораст Муратовски.

Овој потег наиде на осуда од јавноста, која го праша Апасиев – знаете ли вие кој беше Хоџа?

Ова се само дел од коментарите под нивната објава:

Покрај реакциите на јавноста, се огласи и адвокатот Александар Тортевски, кој исто така не штедеше на навреди:

Од политичките партии, реакција пристигна од ВМРО-ДПМНЕ, според кои станува збор за величење на човек познат по тортурата и изразена недемократија и кршење на човекови права.

Привезокот на власта, фолирантот Апасиев не може во исто време да се поклонува на Енвер Хоџа, и да го бара родното место на Гоце Делчев. Шизофрената позиција водена од дневните потреби на власта за ПР, Апасиев го одведе до таму да го слави комунистичкиот диктатор. Можеби ДУИ и СДС како наследници на комунистите се чувствуваат задоволни што поранешниот советник на СЈО Апасиев е вреден обожувач на нивната идеологија, но ова нема врска со демократски вредности и само ја опишува специфичната состојба во која се наоѓа власта. Ги повикуваме ДУИ и СДС да го осудат ваквиот чин на нивниот коалициски партнер и спаринг играч Левица. Со ова Апасиев и Левица докажаа дека нивната политика и идеологија е тортура врз сопствениот народ и поддржуваат насилни методи на цензура и насилно владеење, како што всушност владеел и самиот Енвер Хоџа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сите коментари може да ги погледнете на нивниот пост:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.