Алијансата за Албанците преку соопштение реагира дека 4 месеци по трагедијата во болницата во Тетово каде живи изгореа 14 пациенти, се уште нема одговорен. Алијансата за Албанците директно ја обвинува актуелната власт дека ја крие вистината за оваа трагедија, па дури и ги исмева семејствата на загинатите.

“Четири месеци по трагедијата во Тетово, се уште никој не одговара за 14-те граѓани кои живи изгореа.
Актуелниот режим уште од првите денови по трагедијата почна да ја крие вистината, трагите од злосторството и да ги исмева роднините на жртвите депонирајќи, а потоа отфрлајќи ги оставките. За да биде иронијата поголема, министерот и заменик министерот за здравство не добија отказ кога живи изгореа 14 тетовци, туку кога требаше да се прават политички пазарења за да се преживее режимот. Ова само го потврдува она што постојано го предупредувавме, дека моќта на хибридниот режим е поважна од животот на граѓаните”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.