Последната одлука на министерот за администрација, Горан Минчев, за промена на процентот на застапеност според Балансерот е уште еден чекор за реализација на сценаријата најавени од првите денови на доаѓањето на оваа Влада за деградација на Албанците во земјава, вели Наим Бајрами, потпретседател на Алијансата за Албанците и поранешен министер на МИОА.

Со оваа одлука застапеноста на Албанците во сите институции ќе се намали од 29,52% на 24,30%. Тоа значи дека со години во иднина нема да се вработува ниту еден Албанец во оние институции каде што процентот на Албанци достигнал 24%, што практично значи дека на голем број институции ќе им бидат затворени вратите за Албанците.

Забрзаните чекори на нелегитимната Влада за деградирање и најавеното укинување на Балансерот се крајно вознемирувачки и претставуваат сериозен удар за Охридскиот договор, правичната и соодветна застапеност и меѓуетничката кохезија во државата.

После ова, албанските партии во Владата немаат зашто да останат дури и да биле победници на изборите, а не веќе како губитници, без легитимитет и деградирани.

Ги повикуваме албанските партии да ја напуштат оваа Влада која во секоја постапка го гази нашето достоинство како Албанци, стои во реакциjaта на Бајрами.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.