ДУИ и СДС ги интересира само личниот профит во енергетиката, во наместените и доделени тендери во четири очи во Осломеј, во Неготино, набавките на скап јаглен, а ги интересира многу и како сами на себе да си префрлаат државно земјиште за изградба на фотоволтаици, како на пример случајот, со сопругата на Ковачевски, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Хидро потенцијалот до скоро пред да се влошат временските прилики во Македонија беше на историски најниско ниво, пресушуваа езерата, пресушуваа реките. Скапата струја ја донесе инфлацијата и нема производ кој не е неколкукратно поскапен. За народот скап живот, а за власта тендери.ВМРО-ДПМНЕ по промената на власта, оваа ситуација ќе ја промени, а за да се промени, мора макотрпно да се работи. Македонија место увозник на струја, ќе биде извозник на струја, која ќе го снабдува регионот. Македонија има потенцијал, луѓе и кадар за тоа да го постигне.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.