Кои конкретни мерки ги презема новиот организациски директор на Здравствениот дом – Скопје, Вулнет Селими при посетата на поликлиниката Драчево, кои се од интерес како на пациентите, така и за здравствените работници во однос на протекувањето на кровот на поликлиника Драчево 6 години по ред, прашуваат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, откако поликлиниката последните дена беше актуелна во јавноста по веста дека вработените ќе добијат санкции зошто со гласна музика испраќале колега во пензија.

❓️Дали Селими заедно со медицинскиот директор Виктор Исјановски при посетата на поликлиника Драчево разговараа и имаат план и дали се обезбедени средства за решавање на овој проблем
❓️ Зошто ртг ал
апаратот не е пуштен во употреба веќе 3 години со оглед дека РТГ кабинетот не е во функција во поликлиника Драчево
❓️Дали Селими и Исјановски можеби при посетата во поликлиника Драчево вооошто се сетија на овој проблем на пациентите со оглед дека жителите на Драчево и околните места се принудени оваа здравствена услуга да ја добијат во поликлиниката Јане Сандански, односно подалеку од своето место на живеење.
❓️ Дали директорите Селими и Исјановски при посетата на поликлиниката Драчево можеби најдоа решение за затворената специјалистичка служба, зошто нема психијатар, зошто не се обезбедуваат здравствени услуги од областа интерна медицина, ОРЛ, очно и сл.
❓️Зошто уште е затворен пунктот на Итната медицинска помош и дали Селими и Исјановски имаат план за решавање на овој проблем
❓️ Зошто вакцинацијата не се организира во две смени, туку само во прва смена ако се земе во предвид дека податоците говорат дека Македонија е држава која се наоѓа на дното по бројот на деца кои не примиле нитуедна вакцина од раѓање
➡️За овие и многу други прашања од фунционирањето на Здравствениот дом Скопје бараме конкретни одговори од Селими и Исјановски и ги охрабруваме да продолжат уште поенергично да ги посетуваат и останатите поликлиники со цел да се решаваат проблемите на пациентите, но и здравствените работници, пишуваат од Комисијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.