Со задоцнување од повеќе од два часа поради технички проблеми во Собранието денеска започна 145. пленарна седница.
Пратениците не прифатија на дневен ред на седницата да бидат ставени измените на Законот за патните исправи на македонските државјани, со кои ВМРО-ДПМНЕ предлагаше одложување на важноста на патните исправи односно патните исправи со натписот „Република Македонија“ да важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во патната исправа. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека изменувањето на Законот било неопходно поради тоа што било извесно прекршувањето на уставното загарантирано право на граѓанинот на слободно движење, односно слобода на движење утврдено во членот 27 став 2 од Уставот на Република Македонија “.
Од вкупно 100 пратеници, „за“ гласаа 46 пратеници, додека 54 гласаа „против“ предлогот да се продолжи важноста на пасошите со старото име до 31 декември 2024 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.