Македонија со трет убедлив пораз, овој пат од Аргентина со 35:26 се прости од сите надежи да се пласира во следната рунда и да биде во друштво на „одбраните“ селекции. Сега нашата репрезентација ќе разигрува за пониските позиции.

Македонија ќе игра во групата 2 каде за противници ќе ги има Алжир, Мароко и Тунис во „Президент купот“ каде што се селекциите кои завршиле на последните места во својата група.

Еве го распоредот на мечевите:

Група 2 Президент куп

Алжир – Македонија (19 јануари, 15:30)
Мароко – Тунис (19 јануари, 18:00)

Алжир – Мароко (21 јануари, 15:30)
Македонија – Тунис (21 јануари, 18:00)

Тунис – Алжир (23 јануари, 15:30)
Македонија – Мароко (23 јануари, 18:00)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.