Агентот на напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле – Алесандро Моџи одговараше на прашања за иднината на својот клиент.
Медиумите во Италија пишуваа дека фудбалерот би можел да го напушти клубот поради конфликт со навивачите.
-Чиро е дел од историјата на Лацио, тој е капитен. Добро му оди во Рим, но јасно е дека многу работи може да се случат пред и по крајот на сезоната. Во летниот преоден рок можни се различни ситуации, изјави Моџи за „Спорт Медиасет“.
Тој додаде дека самиот фудбалер би сакал да остане во тимот.
Имобиле за Лацио игра од јули 2016 година. За тоа време одигра 335 настапи за клубот, постигнувајќи 206 гола и 54 асистенции.
Договорот на напаѓачот е до крајот на сезоната 2025/26
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.