В петок, на сцените на плоштадот „Мајка Тереза“ и паркот „Ибни Пајко“ ќе се одржи уште едно издание на фестивалот „Звукот на Скопје“

„Звукот на Скопје“  е нов, летен, open air фестивал, кој прераснува во ново скопско музичко жариште и е во организација на Културно информартивен центар.

Во рамките на овој фестивал, на голема сцена ќе може да се видат и етаблирани, но и нови групи кој сѐ уште ја бараат довербата од публиката.

Минатата година на фестивалот настапи незаменливата „Констракта“, а за оваа година исто така е подготвена возбудлива програма и за најпрефинетите музички вкусови.

На плоштадот „Мајка Тереза“, в  петок во 20 часот ќе настапат „Фолтин“, „Natalee“, „Siz“ и „Кем“, додека на сцената на паркот „Ибни Пајко“ ќе настапат „Dimish#, „Zanadu“  и „Стој, После!“.

Предвиден е и Кулпарк пред КИЦ, а во продажниот салон на КИЦ ќе  има изложба на фотографии.

Фестивалот е дел од проектот „Скопје – кандидат за Европска престолнина на културата 2028″.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.