Технолошкиот парк Скопје е иницијатива на СТП партнери холдингот-македонска компанија основана од група компании и партнери лоцирани главно во САД. Според бизнис планот, тоа е директна инвестиција од 170 до 240 милиони евра кои водат до 1,6 милијарди евра придонес кон македонскиот БДП.

Скапоцен камен скриен во срцето на Балканот. Проектот Скопски Технолошки Парк чека одобрување од страна на македонската Влада. Опструкциите на овој проект им служат на вкоравените, нетранспарентни локални интереси кои го забавуваат растот на македонската економија.

Американскиот актер Џон Малкович го поддржува планот за изградба на Стонбриџ студијата филмски, музички и медиско продукциски ресурси во Скопје, Македонија.

Сакам да ги поздравам моите македонски пријатели и да ја искажам мојата возбуда за можноста да работам со моите пријатели и колеги Доналд Ворен Мофет и Мет Дилон. Ние одлучивме овој проект да го наречеме Стонбриџ (Камен мост“ проект во чест на богатата култура и неверојатната историја на луѓето во Македонија. Како син на Балканот овој проект ми е особено важен, вели во изјавата Малкович заблагодарувајќи се на одвоеното време да го гледате ова видео.

Скопскиот технолошки парк беше поддржан од Владата и има писмена официјална потврда за тоа. Земјиштето кое е предмет на бизнис планот на СТП, беше посочено од страна на Владата и општината Карпош. СТП сериозно ги разбра тие препораки и веднаш започна со изработка на деловниот план и договорите со инвеститорите и комплетирање на документацијата која Законот за стратешки инвестиции ги одредува. СТП ги поднесе до Владата деловниот план и потребната документација на 27 јануари 2022 година. СТП доби поддршка во вид на отворено писмо до Владата на Македонија од страна на 28 професори, театарски, филмски и музички уметници од Македонија и Балканот, меѓу кои и проф. др Љубомир Кекеновски .

СТП беше земен како пример за стратешка инвестиција од страна на др Зоран Јовановски во изданието „Економија и бизнис“  од јули/август 2022 година.

Поранешниот гувернер на Пенсилванија, првиот секретар за Национална безбедност и основач на Риџ глобал, г-динот Том Риџ, како и г-динот Стив Колер претседавач на Риџ глобал се акционери на СТП Капитал партнери и Холдинзи и тие беа луѓето кои стоеја зад економскиот бум на Пенсилванија и ја направија 14-та економија на глобално ниво за време на нивниот мандат.

Г-динот Скот Блеклин, основач на Blacklin Associates LLC, беше на важни позиции, меѓу кои потпретседател на Циско системите за растечки пазари, одговорен за пазарите на повеќе од 130 земји. Тој исто така е поранешен претседател на Американската стопанска комора во Москва/ Русија и беше директор на меѓународниот оддел на државата Мериленд.

СТП има акционери кои се водечки инвестициски банкари, еден од нив е г-динот Александар Каре Де Малберг. Поранешни клучни луѓе во КПМГ и Делоит, кои се дел од тимот на СТП, како и менаџментот на КПМГ од Белград.

Сите тие гледаат на Скопскиот технолошки парк како на многу важна стратешка инвестиција за Македонија и регионот на Западен Балкан. Водечки банки и институции како и нивните врвни менаџери врз основа на нашиот деловен план и учеството на истакнати акционери и сериозните партнери во заедничкото вложување дадоа високи оценки за проектот СТП. Сите тие се на мислење дека врз основа на деловниот план на СТП, јавниот интерес е целосно заштитен и тврдат дека тоа е лесна одлука за Владата на Македонија.

Технолошки парк Скопје е стратешка инвестиција која ги исполнува сите законски барања од Законот за стратешки инвестиции чија додадена вредност за македонската економија ќе се остварува преку Центар за академски студии, неколку светски водечки универзитети и други високообразовни институции работат на создавање на креативна и кооперативна академска средина, која ќе има мултукратно позитивно влијание на македонското образование и општество.

Мулти-културен центар: Оддел за филмски и музички уметности, овој центар ги опфаќа академскиот центар и филмските школи од разни делови на светот во посебна зграда за таа намена. Развојот и активностите на Стонбриџ студијата, целосен филмски, ТВ и музички сервис, се планираат за локацијата на СТП и за ТИРЗ.

Деловен центар: овој дел од технолошкиот парк ќе ги опкружува и вмрежува содржините на академскиот и креативниот центар преку развој на инкубатори за претприемачи и меѓународни компании кои вложуваат во претприемачки зафати, како и технолошки компании кои се очакува да вработат над 850 ИКТ професионалци и останати експерти од технолошкиот сектор и вработувања од помошните сектори. Севкупниот број на нови вработувања и /или одржување на постојните во градежниот сектор и новите технолошки индустрии заедно, се очекува да достигне неколку илјади лица кои ќе ги опслужуваат филмските и музички студија и услужниот сектор.

Главните технолошки сектори во деловниот центар ќе бидат застапени преку компаниите од Сајбер безбедноста- Риџ Глобал, основана од Гувернерот на Пенсилванија и Првиот министер за безбедностна САД, г-динот Томас Риџ.

ИОТ-Интернет на нештата, водена од Ансари менаџмент, како и останати компании од роботиката, гејминг индустријата, блокчејн технологиите кои ќе оформат околу нив кластери на комплементарни компании од земјата и странство.

СТП влезе во десеттиот месец од денот на поднесување на барањето за статус на стратешка инвестиција. Зошто СТП се уште чека?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.